Хроника

Три лица лишени од слобода, информативен разговор со четири за семејно насилство

Од лишените од слобода насилници врз членови од нивните семејства, две лица се од Скопје и едно од гостиварско

Во само едно деноноќие Министерството за внатрешни работи постапило по шест пријави за семејно насилство, а билансот е три лица лишени од слобода и извршен службен разговор со четири.

„На 17.04.2026 во 06:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж. (22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода, а и во изминатите неколку дена му упатувал закани на неговиот 64-годишен татко, при што користел и нож. При преглед кај него бил пронајден ножот, како и дробилка со остатоци од марихуана.

На 18.04.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 44-годишната М.П. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Карпош упатувала закани на нејзиниот 64-годишен поранешен сопруг и нивните деца. Според пријавеното, тој и во изминатиот период трпел психичко и физичко насилство. При извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 17.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека на 16.04.2026  околу 22:00 часот во семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје била физички нападната од нејзиниот брат Р.М. (40). Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот.

На 17.04.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 76-годишен маж од Скопје пријави дека на 16.04.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 50-годишен син Г.П. и неговата  46-годишна ќерка С.П. Според пријавеното, тој ѝ претходно трпел психичко и физичко насилство, но досега немал пријавено. По преземени мерки, во 20:20 часот  полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со синот и ќерката.

На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Охрид е извршен службен разговор со В.С. (46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 39-годишна сопруга дека во последно време физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите кога бил кај него согласно решението на Центарот за социјални работи Охрид. Според пријавеното, последен пат тоа се случило на 17.04.2026 околу 22:00 часот.

На 17.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Е.М. од гостиварско село, постапувајќи по претходни пријави дека упатувал закани кон неговата 35-годишна поранешна партнерка и нејзиното семејство.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

За криминалната афера „Возачки дозволи“ МВР поднесе кривични пријави за 27 лица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против 27 лица, меѓу кои и една вработена во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.

Двајца подметнувачи на пожари снимени како ги палат дуќаните во Шутка (Видео)

Пожарот, во кој изгореа над 20 дуќани во скопската населба Шуто Оризари, е подметнат. Тоа го потврдуваат видеоснимките од надзорните камери, до кои дошла информативната агенција „Рома Прес“.

Злоупотреби со издавањето возачки дозволи – се бара притвор за тројца осомничени, поведена постапка за 27

Една од осомничените е вработена во МВР која се сомничи дека користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

To top