Хроника

Триесет дена притвор за Богоев и за уште тројца осомничени

Кривичниот суд не ги прифатил паричните гаранции за ексдиректорот на Царината и за тројцата други во случајот

Кривичниот суд доцна вечерва го прифати барањето од Обвинителството за одредување притвор на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, и на уште три осомничени лица, побаран за да не побегнат од државата или да извршат влијание врз сведоци.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена поради постоење на основите од член 165 став 1 од Законот за кривичната постапка. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, соопшти Кривичниот суд.

Ексградоначалникот на Карпош и уште три лица се осомничени дека ја злоупотребиле функцијата при доделување тендер на фирма за чистење на гранични премини и царински терминали.

Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ, се товари дека добил мито од 1.800 евра.

Судот не ги прифати паричните гаранции на одбраната.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top