Хроника

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, ќе уследат соодветни кривични пријави

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со возило. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, тројца од нив предизвикале сообраќајни незгоди, 12 управувале возила без возачка дозвола, а еден возел под дејство на алкохол.

Двајца возачи биле приведени во Гевгелија, од кои едниот бил и под дејство на алкохол, а по еден возач бил лишен од слобода во Скопје, Тетово, Гостивар, Валандово, Дебар, Охрид, Битола, Куманово, Велес и Свети Николе. Од МВР информираат дека возачите во Велес и Свети Николе предизвикале сообраќајни незгоди, додека во Куманово возач на мопед под дејство на алкохол исто така предизвикал сообраќајна несреќа.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возила без возачка дозвола или под дејство на алкохол.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top