Хроника

Уапсени 13 возачи

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници уапсиле 13 возачи, поради „безобѕирно управување со возило“.

Единаесет возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол.

При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај“, стои во соопштението од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top