Хроника

Уапсени тројца скопјани, оти со уцена барале 10 илјади евра од жител на Делчево и му се заканувале дека ќе го убијат!

Акцијата е реализирана по оформен предмет во Основното јавно обвинителство Делчево за кривичните дела „уцена“ и „загрозување на сигурноста“.

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во содејство со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршија претреси на две локации и лишија од слобода три лица од Скопје: З.Б.(61), М.Б.(35) и Б.(43).

Според пријавеното, споменатите лица од Скопје упатувале закани по животот и телото на жител на Делчево. Барале од него да им исплати 10.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе објават компромитирачки материјали.

При извршените претреси бил пронајден нелегален пиштол марка „М57“, калибар 7,62 мм, за кој по извршените проверки било утврдено дека потекнува од кривично дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top