Хроника

Во Лотарија приведени поранешна раководителка на финансии и уште едно лице, поради сомнежи за проневера на 1,3 милиони евра

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија, дознава „Плусинфо“ од извори запознаени со случајот.

Според информациите, Управата за финансиска полиција, во координација со Обвинителството, спроведува акција за нов случај поврзан со сомнежи за злоупотреби во работењето на Државна лотарија

Приведена е поранешната раководителка на финансии во Државна лотарија, како и уште едно лице. Тие се сомничат за проневера на околу 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра.

Сомнежите, се однесуваат на периодот додека со Државна лотарија раководел поранешниот директор Перпарим Бајрами.

Акцијата е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за случајот, за евентуалните други лица опфатени со истрагата и за сомнителните дејствија што им се ставаат на товар на приведените.

Најнови вести од: Хроника

To top