Хроника

Возач во владата паднал за 90.000 денари, фатен при прием на 500 евра

На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани, соопшти Обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице вработено во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Постои основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот, во периодот од 24 јули до 4 септември 2026 година, побарал 1.500 евра за да го искористи своето претпоставено влијание. Осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, му ветил на оштетениот дека ќе посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по распишан оглас за прием на пожарникари.

По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците во постапката, како и околности што го оправдуваат стравувањето дека може да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена на возачот на Генералниот секретар на владата Игор Јанушев.

Навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно. Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи. Јавното обвинителство ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи и да соработуваат со надлежните институции и останува посветено на одлучно постапување по сите сознанија за коруптивно однесување за кои постојат основи за преземање обвинителски дејствија.

Најнови вести од: Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар: шестмина повредени, четворица од нив тинејџери

На 03.10.2026 околу 22 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата на ул. „Кеј Вардар“ и ул. „Тоде Богдановски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила „голф“, управувано од Е.Р. (18), „голф“, управувано од Б.А.(19), „бмв“, управувано од М.М. (25) и паркирано возило „пасат“ во сопственост на Е.С. (54), сите од Гостивар.

Јанев по полициската операција во Прилеп: Митот за „недопирливите“ падна, повеќе не може никој да се крие зад „врски“!

По големата полициска операција, спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група, вмешана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп.

Дејан Јованов доби 30-дневен притвор за случајот „Пулс“, сега за поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов од Кочани. Тој постапуваше по предлогот за тоа Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Директорот во „Државна лотарија“ Владо Петковски на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството.

Тошковски: Разбиена сериозна криминална група, дел од неа дејствувал над 15 години во Македонија и во земји од ЕУ!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Радио Лидер соопшти детали за големата полициска акција, која вчера беше спроведена во Прилеп. Тој посочи дека е разбиена многу сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.  „Значителен дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон.“ – истакна Тошковски.

Најнови вести

To top