Хроника

Возењето без возачка како „добро утро“ – уште десетмина лишени од слобода

Приведени вкупно 15 лица за безобѕирно управување моторно возило во изминатото деноноќие, информира МВР

Управувањето моторно возило без положен испит никако да излезе од мода во Македонија, па само во изминагтото деноноќие припадниците на Министерството за внатрешни работи лишија од слобода десетмина возачи за тоа од вкупно 15 санкционирани за безобѕирно управување.

Без возачка биле задржани по две лица во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци.

Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и Кавадарци, а едно лице во Тетово управувало возило под мерка забрана за управување со моторно возило, информира МВР.

 

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

Најнови вести

To top