Хроника

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Во својата реакција по укинувањето на пресудата на Апелациониот суд за случајот „Ласкарци“ и враќањето на предметот на повторно судење партијата Вреди натаму истакнува: Уште во декември предупредивме дека случајот „Дурмо Турс”, заедно со низа други предмети, е директен показател за состојбата во судскиот систем. Сведочевме на сомнителни одложувања, медицински извештаи и непочитување на судските одлуки.

Довербата во судството, која падна на само два отсто, не исчезна преку ноќ. Само супервештачењето за случајот Ласкарци помина 315 дена во Бирото за судски вештачења. На чело на Бирото во тој период беше Валдет Џафери, функционер на ДУИ. Тоа покажува дека предметот не се одолговлекуваше сам од себе.

Моменти од судското рочиште,на кое беа изложени завршните зборови во судскиот процес за случајот „Ласкарци“.

Судството мора да се реформира од корен. Новиот министер за правда ја започна оваа работа со јасна определба ваквите случаи повеќе да не бидат заложници на неефикасноста и злоупотребите во системот.

Бараме без одложување да биде објавено образложението на одлуката и предметот да се процесира со приоритет, без нови процедурални игри. Семејствата на жртвите не смеат повторно да се враќаат на почеток, порачува Вреди.

Најнови вести од: Хроника

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

Уапсен 69-годишник во Гостивар откако полицијата му пронајде пушка и 110 куршуми

Надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри

To top