Хроника

Зад волан со 4,35 промили алкохол во крвта

Задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава

На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско.

„При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта“, велат МВР во соопштение.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top