Хроника

Затвор од 8 години доби Штекли, а со другите тројца од групата вкупно 26 години и 10 месеци, кои заедно продаваа низ Скопје еден грам кокаин за 100 евра!

Со пресуда на основниот суд во Скопје Раде Трајковски Штекли доби затворска казна од 8 години, а останатите тројца членови на организираната група, која се занимавала со незаконска трговија со дрога, добија тројца по 5 години и еден доби затвор од 3 години и 10 месеци. На Штекли и неговата група им се судеше безмалку една година.

Обвинетите Стефан Китанов, Александар Вучевиќ и Филип Таневски добија казна затвор од по 5 години, а обвинетиот Стојан Миланов доби казна затвор од 3 години и 8 месеци. На оваа првостепени пресуда тие имаат право на жалба во рок од 15 дена. 

“Постапката започна пред 9 месеци и имаше постојан бек и беа почитувани сите процесни права. Доказите изведени во постапката ја зацврстија одлуката на судот. Сите странки во постапката беа коректни. Кокаин и марихуана беа пуштени во неовластена продажба. Доказите беа јавно изведени, а посебните истражни мерки покажаа како дејствувала групата. Биле мотивирани од брза и лесна заработувачка на пари“, посочи судијата Илија Трпков кој ја води оваа постапка.

Тој образложи и дека во станови во Скопје се продавала дрогата, а се пакувала на грамови. Цената била од 4.000 до 6.000 денари за грам кокаин, а парите групата ги давала на Штекли, а тој за тоа им давал награда.

Во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена. Според обвинението, групата дејствувала од јануари 2024 до јануари 2025 година и била добро организирана, со јасно одредени улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Според Обвинителството, првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли е организатор и координатор, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници за првична набавка на кокаин, давајќи насоки и упатства за проширување на мрежата.

Првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли изјави дека не го разбира обвинението, а другите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Одбраната на Трајковски истакна дека ќе докаже оти тој не формирал, ниту организирал криминална група и дека не постојат докази дека давал инструкции посочувајќи дека наводите на Обвинителството се засновуваат врз претпоставки.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top