Македонија

12 возачи завршија во полиција: 11 возеле без положен возачки испит

МВР

Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 11 управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за С.И. (24), Ф.Б. (24), Б.М. (21), Д.С. (20) и С.Р. (36) од Скопје, С.Ф. (30) од Зелениково, Џ.У. (34) од село во општина Чашка, О.Ф. (41) од Крушевско, како и Ф.В. (24) и Д.М. (31) од Куманово и Кумановско.

Одделно, С.А. (34) од Кичевско бил лишен од слобода бидејќи управувал возило без возачка дозвола, а при тоа возел со брзина од 100 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 40 километри на час.

Полицијата го лишила од слобода и А.С. (37) од село во општина Илинден, кој бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против сите 12 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top