Македонија

14 пати ограбен гробот на загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев (ВИДЕО )

Не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот, вели таткото Драги во емотивна објава на Фејсбук

Татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги, на Фејсбук сподели видео објава во која повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син.

На видеото што го сподели Драги, може да се забележи како повозрасна жена од пред гробот краде саксии со цвеќе.

Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат гробот на Ѓорѓи да биде ограбен.

„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син.

Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top