Македонија

И Елмас се прости од Панчо од ДНК: Пријател и постар брат… Почивај во мир!

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија се прости од својот обожавател и голем фан на Наполи

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас им се придружи на изразите на сочувство за смртта на Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК, кој денеска ја загуби битката по седуммесечно лекување од повредите добиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Пријател и постар брат… Почивај во мир!“, напиша Елмас на Инстаграм/

Популарниот Панчо беше голем фан на Наполи и присуствуваше на прославата на шампионската титула во Серија А во сезоната 2022/2023, кога дел од италијанскиот тим беше и репрезентативецот на Македонија, кој притоа се фотографираше со членот на ДНК со медалот.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top