Македонија

185 прекршоци кај возачи на мотоцикли, велосипеди и електрични возила

Биле утврдени и 443 прекршоци од друг вид, а биле поднесени и пет кривични пријави

Дури 185 прекршоци се констатирани при засилените сообраќајни контроли спроведени низ целата држава за возачите на лесни електрични возила, велосипеди, мопеди, мотоцикли и други лесни превозни средства. Контролите биле спроведени вчера, 10 септември, од 17 до 21 часот од страна на Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, со цел санкционирање на прекршоците и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли биле утврдени 152 прекршоци. Најголем дел, односно 120, биле поради некористење заштитен шлем.

При контролите на лесните електрични возила биле констатирани уште 33 прекршоци, од кои најголем број се однесувале на некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти. Најмногу прекршоци од оваа категорија се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45. Следуваат СВР Тетово со 26, СВР Велес и СВР Струмица со по 25, СВР Охрид со 20, СВР Штип со 13, СВР Скопје со 12 и СВР Куманово со 10 прекршоци.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот констатирала девет прекршоци. Во текот на акциската контрола биле утврдени и 443 прекршоци од друг вид, а биле поднесени и пет кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци биле преземени соодветни мерки и изречени санкции согласно законските прописи. Од МВР најавуваат дека продолжуваат со засилени сообраќајни контроли, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top