Македонија

250 години независност на САД: Пријателството, стратешкото партнерство и сојузништвото продолжуваат да се зацврстуваат

Шефот на дипломатијата со честитка до американскиот народ и држава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска упати честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста.

– Искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. Нашето пријателство, стратешко партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности и меѓусебна доверба – истакна Муцунски во честитката објавена на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top