Македонија

55.000 ваучери за компјутери за студенти

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски повика да се аплицира за доделување вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди

 

Андоновски во објавата на фејсбук потенцира дека според ветувањето на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, објавен е јавниот повик од Владата за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер.

Право да аплицираат имаат сите студенти на прв циклус студии државјани на Република Македонија;
Запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата;
Не постари од 29 години на денот на објавување на повикот.

Апликации се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 и/или до исцрпување на ваучерите.
Вкупно 55.000 вакви ваучери ќе бидат доделени.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top