Македонија

(Фото): УЈП ќе обучува студенти за работа во странство – почнуваат обуки за даночни обврски

Управата за јавни приходи најави организирање обуки за студентите кои работат во странство, со цел подобро да ги разберат своите даночни обврски и права. Од таму информираат дека обуките ќе започнат од понеделник, по средбата меѓу директорката Елена Петрова и претставниците на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и Адам Стојановски.

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) по средбата со директорката на Управата за јавни прходи најави дека студентите ќе можат да го платат данокот за 2025 година на рати без да наведат повеќе детали во врска со тоа. Средбата следува по критиката од студентите за ретроактивната наплата на данок за оние кои работеле преку програмата Work and Travel во Германија.

УЈП, исто така, излезе со соопштение по одржаната средба, меѓутоа тие не спомнуваат никакво плаќање на рати, туку дека ќе организираат обуки за студентите како да плаќаат данок. На состанокот, за кој што велат дека бил со „заедничка цел“, од страна на УСС УКИМ присуствувала претседателката Ангела Василевска и заменик-претседателот Адам Стојановски.

  • „Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели“, се вели во соопштението од УЈП. 

И УЈП ио УСС УКИМ соопштија дека договориле организирање едукативни работилници со цел студентите да се запознаат со нивните обврски и права кога работат сезонска работа во странство. Од УСС УКИМ ќе изработеле дел од материјалите ако имало доволна заинтересираност.

  • „Обуките ќе започнат на 6 април, а видео материјали и флаери ќе бидат дистрибуирани до студентите, при што дел од материјалите ќе ги изготват самите претставници на УСС УКИМ доколку има доволна заинтересираност“, посочија од УЈП.

Оттаму соопштија и дека студентите кои не го искористиле правото на поврат на данок од работата во Германија можат да обезбедат потврда за резидентност и да го остварат правото на поврат на задржаниот данок, согласно договорот за избегнување на двојно оданочување.

Како што велат од УЈП, претставниците на УСС-УКИМ изнеле идеја за оформување на работна група која ќе работела на „унапредување и поедноставување на процедурите поврзани со ораночувањето на доходите од програмата Working and Travel, со цел студентите полесно и навремено да ги исполнат своите обврски“.

Најнови вести од: Македонија

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top