Македонија

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, придружуван од претседателот на Регионалната стопанска комора, Мирко Велковски, како и членови на Управниот одбор на Регионалната комора во Битола. На средбата се разговараше за активности што треба да се преземат на локално ниво со цел поттикнување на економскиот развој во битолскиот регион. Како клучни приоритети беа посочени патната и гасната инфраструктура, кои се од особено значење за бизнис заедницата и за поврзаноста со Коридорот 10.

Посебен акцент беше ставен на потребата од подобрување на патната и железничката инфраструктура, при што беа издвоени проектите за изградба на автопатот Прилеп – Битола во должина од 40 километри, како и обиколницата Битола – Меџитлија во должина од 19 километри.

На средбата се отвори и прашањето за недостигот на кадар, што претставува еден од најголемите предизвици за бизнисите во регионот. Оваа тема, како што беше истакнато, е во постојан фокус на бизнис заедницата, која иницира активности за нејзино надминување.

Коњановски посочи дека битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top