Македонија

ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол, неговото сквернавење е недозволиво!

Партијата од владината коалиција најостро го осудува симнувањето на знамето на Македонија на плоштадот во Гостивар

Движењето ЗНАМ со официјална реакција за инцидентот со македонското знаме во Гостивар на Денот на албанското знаме.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува чинот на симнување и сквернавење на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, чин со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија.
Македонското државно знаме не е симбол на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е државен симбол на Република Македонија, знаме на македонскиот народ и на сите заедници што живеат во нашата држава.
Неговото почитување е обврска на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.
Почитувањето на правото на секоја заедница да ги негува сопствените традиции, култура и национални симболи не смее да биде изговор за непочитување на државните симболи.
Прославувањето на Денот на албанското знаме, без соодветно истакнување на македонското државно знаме, претставува непочитување на државниот поредок и постапување спротивно на законските одредби за употреба на знамињата.
Исто така, дивеењето по улиците, насилничкото однесување и нарушувањето на јавниот ред и мир во градовите најмалку прилегаат на достоинствено, свечено и цивилизирано одбележување на кој било празник.
Празниците треба да бидат повод за славење, меѓусебно почитување и градење соживот, а не за провокации, инциденти и демонстрација на непочитување кон државата.
Очекуваме надлежните институции без одлагање да ги расчистат настаните во Гостивар, да ги идентификуваат сторителите и да постапат согласно законите.
Законот мора да важи подеднакво за сите, без селективност и без политички калкулации.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува:
Почитувањето на различностите е наша вредност, но почитувањето на државата, нејзините симболи и законите е обврска на сите!
Македонија е заедничка држава на сите нејзини граѓани и нејзиното знаме мора да биде почитувано од сите“, се вели во реакцијата на партијата од владината коалиција.

Најнови вести од: Македонија

To top