Македонија

Денеска пак протест на студентите Албанци

На претходниот протест, студентите бараа правосудниот испит да се полага на албански јазик, додека на денешниот ќе го вклучат и барањето за почитување на албанскиот јазик во сите институции

 

Мевлан Адеми, еден од организаторите на протестот за заштита на албанскиот јазик, вчера ги повика спортистите, уметниците и јавните личности да се приклучат на денешниот протест.

„Почитувани спортисти, уметници и јавни личности, вие кои со вашите успеси, талент и работа го направивте секој Албанец горд, денес на студентите им е потребен вашиот глас и поддршка. Овој протест не е против никого. Тоа е протест за заштита на албанскиот јазик, нашето достоинство и права како рамноправни граѓани.

Во понеделник, 18 мај, во 16:30 часот, почнувајќи од Камениот мост во Скопјe, да протестираме заедно. На страната на студентите, на страната на Албанците!“, апелираше Адеми.

На претходниот протест, студентите бараа испитот по право да се полага на албански јазик, додека на денешниот ќе го вклучи и барањето за почитување на албанскиот јазик во сите институции.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top