Македонија

Не смее да се злоупотребува трагедијата во Кочани, одговорност мора да има

Во денешниот говор на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, порача да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите. – Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го […]

Во денешниот говор на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, порача да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите.

– Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го чујам од роднините на настраданите кои минатата недела ги видов во Владата. Со огромна почит кон тие луѓе и отворен разговор, споределувајќи ја заедничката болка заради трагедијата која се случи дискутиравме за повеќе аспекти и за она кое е во надлежност на владата и можности да се помогне во расчистување на случајот и да се помогне на семејствата во справување со тагата и предизвиците на животот во една ваква ситуација. Оваа трагедија не смее да се злоупотребува, и сите кои имаат своја вина која придонела да се случи ваква трагедија мора да одговараат, и системот мора да се менува и да има правда, и во тоа заеднички сме одлучни и ние сме подготвени заеднички да продолжиме да работиме и да комуницираме и да помагаме за се поврзано со нив. Нашата обврска и одговорност како Влада е токму тоа да бидеме рамо до рамо со нашите сограѓани кога тоа им е најмогу потребно. Тоа беше исклучително тешка средба за мене, разговарајќи со нив, душата ми плачеше, а стисокот на нивната рака ми е потпора и на мене во нашата заедничка борба за доброто на оваа наша заедничка татковина – рече Мицкоски.

Најави дека ќе има редовни состаноци со родителите на настраданите, како што рече, со сите кои сакаат да дојдат, а оние кои од оправдани причини не сакаат ќе појдам јас кај нив“.

– Периодов и јас и Владата стоиме на располагање се што е потребно да направиме и да не дозволиме оние политички глодари и некрофили да ја злоупотребуваат политички оваа трагедија. Сте сме Кочани и сите треба да направиме нешто за Кочани, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top