Македонија

Аферим Аца Лукас, седи си дома и чекај СДСМ да дојде на власт (ВИДЕО)

Откако се закани дека не иде во Македонија додека на власт е ВМРО-ДПМНЕ

Српскиот пејач Аца Лукас објави видео во кое објаснува што се случило завчера во Кавадарци кога неговиот настап беше прекинат поради непочитување на законот.

Лукас во видеото наведува повеќе работи:

1. Додека во Македонија е на власт ВМРО-ДПМНЕ тој нема да настапува во земјава. Му посакуваме да издржи во оваа одлука.

2. Во локалот регистриран за 200 луѓе каде настапувал имало над 2000 луѓе што е десет пати повеќе од дозволеното и претставува сериозна опасност за јавниот ред и мир. Лукас сигурно знае колку карти се продадени и колку луѓе имало во локалот.

3. Не исклучува дека организаторот направил пропусти односно најверојатно знае дека нешто не било по закон.

Целото обраќање до македонската јавност со која ако не лаже нема да се види очи во очи уште долги години, во видеото:

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top