Македонија

Африкански бран ќе донесе температури над 40 степени

Македонија од 5 август би можела да биде зафатена од еден од најинтензивните топлотни бранови ова лето

Поради продор на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од 5 август температурите значително ќе се зголемат, а времето се очекува да биде претежно стабилно, сончево и суво.

Во поголем дел од земјава дневните температури би надминувале 35 степени, додека најтопло се очекува да биде во Скопската Котлина, Повардарието, централните и југоисточните делови, каде што локално температурите би можеле да надминат и 40 степени.

Се очекуваат и тропски ноќи во повеќе градови, при што температурата во текот на ноќта и раните утрински часови нема да се спушта под 20 степени.

Периодот на изразено високи температури, според прогнозите,  би можел да трае шест до седум дена, односно приближно до 10 или 11 август, по што се очекува постепено намалување на интензитетот на топлината.

Доколку прогнозите се остварат, почетокот на август ќе донесе период на продолжени високи температури, со над 35 степени во голем дел од земјава и локални вредности над 40 степени во најтоплите региони.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top