Македонија

Агенција за храна и ветеринарство: Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба во согласност со документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата – соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба во согласност со документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата – соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека во согласност со добиените резултати од Институтот за јавно здравје во Скопје во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, па поради тоа се препорачува да не се користи за пиење. Вчера, пак, градоначалникот Камчев, презентира нови резултати од вонредна анализа спроведена од овој Институт, во која е наведено дека измерената концентрација на арсен е 1,47 микрограм на литар, односно влегува во дозволените граници.

– Валандово како град, и населените места Чалакли, Дедели и Раброво, беа засегнати од квалитетот и безбедноста на водата за пиење во изминатиот период. Бевме сведоци на ситуација во која многумина наседнаа на одредени приказни водени паралелно со ситуацијата во Гостивар. Можам слободно да кажам и поради тоа што бев директор на јавното комунално претпријатие пред 15 и повеќе години, дека квалитетот на водата во Валандово од она што го гледам во анализите не е променет од тогаш до денес. Бунарскиот систем што го користи Валандово постои од 1989 година – посочи Камчев.

Според документите од Институтот за јавно здравје во Скопје, кои денес Камчев ги презентира на јавноста, од ноември до сега, односно од поставувањето нов в.д. директор на комуналното претпријатие по последните локални избори, направени биле двете задолжителни контроли на водата, во кои, меѓу другото, се проверуваат и тешките метали, а законски се пропишани да се прават двапати во годината во согласност со правилникот на Агенцијата за храна и ветеринарство. За да нема забуна во јавноста, редовните примероци се земаат и испитуваат еднаш или двапати во неделата во зависност од ситуацијата и немаат врска со овие периодични анализи, кои се задолжителни за комуналното претпријатие двапати годишно. На 26.1.2026 е направена првата ваква анализа, од кога сум јас градоначалник на Валандово, а на 2.7.2026 е направена втората – рече Камчев.

Тој објасни дека поради покажаната повисока вредност на втората анализа, која изнесувала 14 микрограми на литар присуство на арсен во водата, на 20 јули побарал нова вонредна анализа, која бидејќи се однесувала само на проверка на металите, се изработила во побрз рок и за три дена, односно на 23 јули ги добиле резултатите за нормално прсуство на арсен од 1,47 микрограм на литар. – Не можам да дадам целосни одговори, но сметам дека во периодот кога се почнува со поголемо пумпање на водата од изворите, веројатно тогаш одредени таложени елементи, кои се сепак присутни во траги, ја даваат повисоката вредност – смета Камчев и додаде дека ја повикува јавноста да ги следи препораките и анализите од стручната јавност, а не од коментари на социјалните мрежи.

Во текот на наредниот период, најави тој, ќе се прават уште вондредни анализи на водата за да се следи нејзиниот квалитет. – Но што се случувало во изминатите осум години? Во 2025 година е направена вондредна анализа на манган во водата, која никаде ја нема во архивите на комуналното претпријатие. Исто така, иако имале обрвска во 2024 да направат две анализи, во согласност со спомнатиот правилник, направена е само една периодична анализа, каде што концентрација на арсен е 1,282, значи блиску до сегашната вредност. Во 2025 немаме две законски периодични анализи, во 2023 е направена само една, со вредност на арсен 1,84, во 2022 има само една периодична анализа, но нема испитувани хемиски елементи, односно арсен – соопшти Камчев.

Според него, од 2018 до 2021 година воопшто не биле правени вакви анализи. – Ќе поставам прашање до СДСМ антитоксична да ни дадат одговор на овие прашања бидејќи од осум години, колку што имаат раководено со комуналното претпријатие, тие од потребните 16 периодични широки анализи на водата, имаат направено само две. Да им одговорат на граѓаните дали во тој перод навистина имаат направено анализи или немаат заведено во архивата затоа што не им одговарало или не си ја извршиле својата должност сите директори што во тој период беа на функција во ова прептријатие – рече градоначалникот на Валандово.

Тој ги повика сите надлежни институции да влезат во јавното комунално претпријатие и да направат контрола за да им дадат одговор на граѓаните за вистинската состојба со водата и работата на комуналното претпријатие во изминатите години.

Најнови вести од: Македонија

Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците.

Муцунски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка, не е одредено кога треба да стапат во сила уставните измени

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е дециден дека протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка, а во разговорите со сите три страни од македонската страна се пренесени ставовите за прашањата поврзани со ризиците од билатерализација на евроинтеграциите.

„Вечна слава, претседателе, идеалите твои се заклетви мои“ – Јане Ченто на гробот на прадедото Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Македонија

По повод 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Јане Ченто објави порака во негова чест, оддавајќи му почит за неговата улога во македонската историја. „Вечна слава, претседателе, твоите идеали се мои заклетви“, напиша тој. На 24 јули 1957 година во Прилеп почина Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.

Методија Андонов Ченто, 69 години од смртта: Верував во сѐ, но не верував дека Македонците ќе ме судат за Македонија!

„Македонија е создадена од крвта на сопствениот народ и никако поинаку и затоа Македонија е само на Македонците.“. „Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик.“ Ова се дел од поважните изјави, кои ги имал дадено во текот на својот бурен живот Методија Андонов – Ченто, знаменит деец за македонската национална кауза, државник-политичар и претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради оваа функција тој се именува и како прв претседател на Македонија. Тој е симбол на борбата за македонската држава, но и на неправдата на нејзините повоени власти против него и неговите идеи за македонството. Денес се навршуваат 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто.

ДУИ: „Страшно слабата“ ВРЕДИ во Владата е аларм за секој Албанец

Застапеноста (на Алнанците н.з.) се намалува, албанскиот јазик се исклучува, институциите се затвораат за Албанците и секое достигнување изградено низ годините се доведува во прашање, велат од партијата на Али Ахмети

Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор

Истовремено, пратеникот од Демократската партија на Турците (ДПТ) Бејџан Иљас, кој дојде од листата на Европскиот фронт предводен од ДУИ, се приклучи на владејачкото мнозинство. Со неговото приклучување, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 59 пратеници без пратениците од коалициските партнери во власта – ВРЕДИ и ЗНАМ.

Најнови вести

To top