Македонија

Агенцијата за вработување објави оглас за самовработување, до 10.000 евра за млади претприемачи

Денес e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови.

Паричната поддршка во форма на грант изнесува 7.000 евра за лица постари од 29 години, додека за младите до 29-годишна возраст е предвидена поддршка од 10.000 евра.

Ако корисниците се здружат и формираат друштво со ограничена одговорност (ДОО), финансиската поддршка може да достигне до 20.000 евра, во зависност од целните групи.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на АВРМ на следната интернет-врска: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top