Во објава на Фејсбук, Ахмети ја истакна важноста на албанската политичка застапеност во Собранието на Србија, особено во однос на заштитата на националните, јазичните и граѓанските права.
„Политичката застапеност на Албанците во Собранието на Србија е од особено значење за заштита на националните, јазичните и граѓанските права, како и за укажување на дискриминацијата, неправдите и предизвиците со кои се соочуваат Албанците во овие средини.
На овие избори, албанските политички сили настапуваат обединето, преку заедничка листа наречена ‚Албанска коалиција‘ (Koalicioni Shqiptar), која е заведена под број 17.
Големата излезност е можност за изразување на слободната волја и за зајакнување на демократската застапеност на Албанците“, порача Ахмети.