Македонија

Академијата за судии и јавни обвинители исплаќала координатори чиј статус не е законски утврден

Државниот завод за ревизија

Пари за седници на кои воопшто не присуствувале, си точеле гориво во приватните возила и вршеле набавки без тендер – Државниот завод за ревизија открива низа пропусти во работата на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Ревизијата утврдила дека дел од членовите добивале целосни месечни надоместоци без оглед на тоа дали присуствувале на седници, а во одредени случаи исплатите биле вршени и пред самото одржување на седниците. За членовите на Управниот одбор, според ревизорите, така биле исплатени најмалку 211 илјади денари повеќе од законски дозволеното. Кај Програмскиот совет, пак биле исплатени 747 илјади денари за месеци во кои воопшто и не ни биле одржани седници.

“Ревизијата констатира дека втората фаза од почетната обука за осмата генерација идни судии и обвинители завршила три месеци подоцна од законски предвидениот рок. Наместо до крајот на јули 2024 година, обуката траела до октомври.Поради ова биле исплатени дополнителни 2,1 милион денари за ментори и координатори. Од нив, 1,8 милиони денари биле исплатени на ментори, а речиси 300 илјади денари на координатори.” велат од ДЗР.

Членови на комисиите во Советот наместо да точат гориво во службени возила, си ги полнеле сопствените резервоари и тоа без никаква евиденција. Академијата имала набавено картички во вредност од 325 илјади денари, и сите биле злоупотребени.

“Кај јавните набавки ревизорите утврдиле дека во тендер за кетеринг услуги бил поставен услов понудувачот да располага со ресторан од прва категорија со четири ѕвезди и капацитет од најмалку 60 лица, критериум кој не бил директно поврзан со предметот на набавката.Дополнително, во текот на 2024 година биле набавени стоки и услуги во вредност од 418 илјади денари без спроведување постапка за јавна набавка, иако законот го наложувал тоа.” – се вели во извештајот на ДЗР.

Ревизија открива сомнежи и во испитниот процес. Имало и испити без соодветна контрола, тестови без сериски броеви и дилеми во веродостојноста на резултатите. Поради нефункционален електронски систем, кандидатите полагале на хартија, но ревизорите предупредуваат дека нема доволна гаранција дека процесот бил безбеден и транспарентен.

Во меѓувреме, пропаднат е и приемот на 130 нови слушатели откако постапката беше блокирана од антикорупционерите и Владата, а конкурсот конечно поништен.

Најнови вести од: Македонија

Проф. Митко Панов: Со политички „гест“, останките на Самоил не смеат да станат историски аргумент

Политичкото и црковното средиште на Самуиловата држава било во Охрид и Преспа, а таа се формирала и развивала независно од ликвидираната бугарска држава и црква во 971 година“, вели македонскиот историчар и византолог

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Првиот академски ќас ќе се одри и на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Героски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

To top