Македонија

Ако продолжиме неодговорно, ќе го прегориме „Safe City“, снимени 1.000 нерегистрирани коли, 5.000 поминале на црвено

По 24 часа од тестирање на системот за следење на прекршоци во сообраќајот, има за жал разочарувачки податоци. Вторите 12 часа поминаа речиси идентично, па во првиот ден камерите регистрираа 110.000 прекршоци. Забележани се 1.000 нерегистрирани возила, 5.000 поминувања на црвено, а над 90% од прекршоците се пречекорување на брзината.

За само 24 часа системот од камери регистрираше фантастични 110 илјади прекршоци само во Скопје, од кои 1000 нерегистрирани возила, 5000 поминувања на црвено, а над 90% од прекршоците се пречекорување на брзината. Системот Сејф сити го поздравуваат и ескпертите.

Интересно истовремено со почетокот на работа на „Безбеден град“ се зголеми интересот за апликацијата Waze. Waze овозможува преглед на локациите на кој се поставени камерите, но и локациите на кои има густ сообраќај или полиција, па барем засега дел од возачите ги користат за да ги заобиколат камерите.

За следниот период е најавен почетокот на користење на нови патролни возила со камери кои снимаат во 360 степени. Овие возила ќе бидат надополнување на систмот камери и ќе се користат за мобилно мерење на брзината, забележување на непрописно паркирани возила и казнување возачи кои не им даваат предност на пешаците.

Сепак, професорот по информатика Орце Симов вели дека му треба оптимизација за да има одреден степен на толеранција како поминување на жолтго, за да не се успори сообраќајот. Компаниите кои имаат возила со повеќе возачи ќе мораат да водат евиденција кој возел, а бидејќи казните ќе стигнуваат за сопствениците на возилата, мора да се понуди решение и за прекршок поради кој се  одзема возачка, а го сторил возач кој возел туѓ автомобил. Симов се надева дека системот нема да биде злоупотребуван, за да им се прогледува низ прсти на оние кои имаат врски.

Толеранција нема да има за никого, но тест периодот ќе покаже дали и каде треба да се корегира. Ова е одговорот на министерот за внатрешни Панче Тошковски на лавината реакции кои овие два дена стигнуваат од граѓани, кои биле предупредени од системот “Сејф сити“ дека направиле сообраќаен прекршок. Тошковски уверува дека ниту еден функционер нема да биде изземен, а веќе биле казнети неколку возачи на министри. На странец кој направил прекршок, а не ја платил казната, нема да му биде дозволен влез во земјава додека не го подмири долгот. Целта е системот наскоро да профункционира во цела Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top