Македонија

Во Зоолошката градина има туберкулоза, затоа пцовиса бизонот, вели Кирков

Се наближување на изборите се повторува веќе виденото сценарио – прво проблем со ѓубрето, со „ЈСП“, а сега и со „ЗОО Скопје“. Во Зоолошката градина постои туберкулоза – таа е причината за смртта и на европскиот бзон, тврди Стефан Кирков, советник во град Скопје.

Во Зоолошката градина постои туберкулоза – таа е причината за смртта и на европскиот бзон, тврди Стефан Кирков, советник во град Скопје. Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од туберколуза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој исто така резултатите на туберкулоза беа позитивни и тоа е причината за неговата смрт.

За трагедијата да биде уште поголема пред десетина дена почина и бизонот за кој денес добив официјални резултати дека истиот бил болен од туберкулоза, ноазен тип за кој ако малку се информираме ќе видиме дека е пренослив од животно на животно и од човек на човек.Резултатите се добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина.

Информациите кој ги добивам од Зоолошката внатре и од вработените е повеќе од аларматна, ЗОО Скопје е контаминирано подрачје од оваа болест, се сомневаме дека цели реони се зафатени, вработените се оставени сами на себе без никаква соодветна на ваков тип на епидемија, подложени се на мобинг за да молчат за се што се случува внатре, додека дневно гледаме дека има стотици посетители кој поминуваат низ живеалиштата каде починаа овие животни!

Менаџментот молчи, речиси и да го нема, а ова што се случува во оваа установа е загрозување на општа опасност по вработените, посетителите и животните. Апелирам, алармирам веднаш државните институции да направат вонреден инспекциски надзор и да постапат согласно протоколите кој ги налага ЕАЗА и Светската здравсгвена организација. Итна проверка на сите вработени и земање брисеви од сите животни и живеалишта, доколку е потребно и времено затворање на оваа установа се додека не се процени дека е безбедна!

Менаџментот Попов и Стаменов молчат, ги нема на работнното место, ги нема на седниците на Совет, ги нема да одговорат за цел овој хорор кој се случува во нашата Зоолошка. Заедно со мојата советничка група од ВМРО –ДПМНЕ планираме да поднесеме и кривична пријава против гореспоменатите за секое едно животно и за се што овие луѓе и направија на најстарата зоолошка градина во Европа која догодина ќе прави 100 години од своето постоење, установа која беше и треба да биде лицето на нашиот град!

Според информациите од јавен карактер кој ги побарав од ЗОО Скопје и ги добив, за само три години починаа повеќе од 50 животни , а до сега не видовме никаква одговорност, истрага или било што од менаџментот кој е заслужен за тоа со презимиња Попов и Стаменов.

Во оваа установа имаше колење на коњи, труење на коњи, труење на волци, труење на бербески овци, угинати животни од плевмонија, угинати животни од бактерии, салмонела од расипана исхрана, угинати животни од непознати причини и многу уште за што сето тоа ке биде представено во правна постапка против горенаведените за што треба и тоа како да одговараат, порача Кирков.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top