Македонија

Алармантно: Четири куќи загрозени – свлечиште поради обилните врнежи од дожд

Се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето во Шипковица поради опасност од појавување на нови свлечишта, информираат од ЦУК. Одрони имало и на патот Делчево-Истибања каде интервенирало ЈП Македонија и кај Моштица во Македонска Каменица каде што се исчистени од службите.

Обилните дождови што деновиве го зафатија западниот дел од земјата предизвикаа опасно свлечиште во селото Шипковица, при што директно се загрозени четири семејни куќи, соопшти Центарот за управување со кризи. Пријавата била добиена преку единствениот број за итни повици 112, по што веднаш бил активиран Кризен штаб на Општина Тетово. На терен се присутни екипи на ЦУК, СВР Тетово и градежни инспектори од општината, кои ја проценуваат состојбата и дават инструкции до локалното население.

Од ЦУК информираат дека во моментов се преземаат мерки за заштита и стабилизација, а на мештаните им било наложено итно да ги напуштат домовите поради висок ризик од појава на нови свлечишта. Теренот и понатаму е нестабилен, а прогнозите најавуваат дополнителни врнежи кои може да ја влошат состојбата.

Проблеми предизвикани од обилните врнежи има и во источниот дел на земјата. ЦУК соопшти дека:

  • На патниот правец Делчево – Истибања се појавиле одрони, но екипите на ЈП „Македонија пат“ редовно интервенираат и сообраќајот се одвива без подолги застои.
  • На патот кон селото Моштица во Општина Македонска Каменица, одроните се расчистени од екипите на ЈП „Камена Река“, а сообраќајот е нормализиран.

Надлежните служби остануваат на терен и апелираат на внимателност, особено на жителите во ризичните планински региони каде земјиштето е заситено со вода и подложно на нови активирања.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top