Регион

Бугарија со најголем пад на населението во ЕУ од 8,4 отсто за 10 години

Во најголем број случаи не станува збор за иселување, туку за „природни причини“, односно за смртност, според Евростат

Новите податоци на Евростат покажуваат дека Бугарија се топи најбрзо меѓу земјите од Европската унија во поглед на бројноста на населението. Само во периодот од 1 јануари 2015 до 1 јануари 2025 година источниот сосед на Македонија загуби 8,4 отсто од населението. Во овој процент иселувањето има незначителен придонес, во најголем број случаи станува збор за „природни причини“, односно за смртност.

Останатите две земји кои најбрзо губат население се исто така од источниот блок – Хрватска со 7,3 отсто и Летонија со 6,3 отсто. Се намалуваат и Романија, Грција, Полска, Унгарија, Литванија. Сите други европски земји го зголемија своето население, а главната причина во повеќето случаи е имиграцијата во нив, а не природниот прираст.

На другиот пол е Малта. Медитеранскиот остров го зголеми своето население за повеќе од 30 проценти за една деценија. И жителите на Луксембург се зголемени за 21 отсто, а на Ирска за 16,3 отсто. Сосема позитивен биланс имаат и Шведска, Данска, Холандија и Франција.

Вкупното население на Европската унија се зголеми за 7,8 милиони луѓе или 1,8 отсто во текот на 10-годишниот период што се разгледува.

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

To top