Македонија

Албанската амбасада бара посебна средба на претседателот Бегај со лидерите на албанските партии во македонското Собрание

Според него секое друго толкување што на овој процес му припишува мотиви или цели различни од официјалните е неосновано

Во објава со наслов ,,Појаснување за јавното мислење 🇦🇱🇲🇰”, албанскиот амбасадор во Македонија Денион Мејдани објавува дека албанската амбасада бара посебна средба на претседателот на Албанија Бајрам Бегај со лидерите на албанските партии во Собранието.

Мејдани вели дека побараната средба само со лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија не треба да се толкува различно од официјалните мотиви и цели кои тој не ги наведува во објавата.

Според него побараната средба само со лидери Албанци е институционална акција, во согласност со дипломатскиот протокол.

,,Во рамките на официјалната посета на претседателот на Република Албанија на Република С. Македонија, Амбасадата на Република Албанија, во име на претседателот, упати барање за организирање средба во просториите на Собранието со лидерите на албанските парламентарни партии.

Ова е целосно институционална акција, во согласност со дипломатскиот протокол и вообичаената практика за организирање состаноци на високо ниво.

Секое друго толкување што на овој процес му припишува мотиви или цели различни од официјалните е неосновано. Амбасадата останува посветена на институционалната коректност, транспарентност и почитување на сите страни”, пишува Мејдани.

Преходно амбасадорот Мејдани вчера објави нејасен пост во кој, без да прецизира за што и за кого зборува, вели:

,,Ние не водиме дневна политика, туку државна политика. 🇦🇱

Се согласуваме само кога сме на иста страна за гарантирање на правата, почитување на меѓународните договори и одење рака под рака кон Европа 🇪🇺🤝”.

Фото: ФБ профил амбасадор Мејдани

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top