Македонија

Алфа ТВ го потсети Салиу на неговиот пиштол и му посака мир и сампочит

,,Очигледно е дека личната фрустрација, незадоволството од сопствениот неуспех и потребата за внимание го водат повеќе од каква било професионална етика”

По навредите што новинарот Фуркан Салиу ги упати до новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски телевизијата објави реакција на клеветите од Салиу кој својот колега го нарече пропаднат новинар и потрчко.

Во подолг текст Салиу го нападна Петровски со низа навреди.

 

Реакцијата на Алфа ТВ  ја пренесуваме во целост:

 

Обидите за дискредитација и личните навреди не може да поминат и без став на ТВ Алфа.

Во продолжние уреднички коментар за ставовите на колегата Фуркан Салиу.

 

Кога новинар одлучува да напише статус полн со лични дисквалификации, навреди и сарказам, наместо со аргументи, тоа зборува многу повеќе за него, отколку за оние кон кои е насочен.

 

Фуркан Салиу избра да се пресметува со Алфа и со нашите новинари, со јазик кој не му прилега ниту на човек, а уште помалку на новинар. Очигледно е дека личната фрустрација, незадоволството од сопствениот неуспех и потребата за внимание го водат повеќе од каква било професионална етика. Што се однесува на неговите навреди кон Алфа телевизија, нема што да му објаснуваме на Фуркан, освен да му укажеме на фактот дека зборува за третата по гледаност телевизија во Македонија, што самото по себе говори за довербата што ја имаат гледачите во нас.

 

Затоа на Фуркан му посакуваме да најде мир, самопочит и простор каде ќе се чувствува исполнет.

 

Што се однесува до неговиот личен кредибилитет, јавноста нема да заборави за кого станува збор.

 

Пред само неколку месеци, истиот тој Салиу беше приведен откако во неговиот автомобил беше пронајден пиштол со полна рамка куршуми, нешто што самиот го призна. Иако има дозвола за поседување оружје, законот јасно забранува носење оружје во возило во таква состојба. За тоа беше поднесена и кривична пријава од МВР. Дополнително, беше обвинет за спречување службено лице во вршење на должност.

 

Секако, сите се повикуваме на закон, слобода на говор и човекови права, но тие важат подеднакво за сите. Посебно за новинари кои тврдат дека се борци за вистината. А вистината во овој случај е непријатна.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

To top