Македонија

Новинар на Алфа откри дека има жуљ на ногата и најави дека нема да тужи за клеветите против него

,,Нема да паднам на ниво да седам карши карши со личност што има морална вредност пониска од жуљот на моето стапало”

Новинарот на ТВ Алфа Матеја Петровски откри дека има жуљ на ногата и најави дека нема да тужи за клеветите што  против него биле упатени од колега.

 

,,Веќе пројде девет, се надевам „колегата“ „новинар“ си го наплати одморот на мое име. Сигурно во еден од партиските штабови веќе му е исплатен хонорарот.

Епа драг колега, мило ми е што зема некое евро за два дена замарање за човек што сам го нарече „анонимус“ и со него се замараше цело време. За твоја среќа постојат штабови што тоа го плаќаат. (Очигледно немаат аналитика каква што треба).

Во животот имам другари од секоја фела, меѓу нив и адвокати, кои ми кажаа дека имам можност да покренам судски процес за клевета и навреда. Ама 1000 или 2000 евра не ми се доволни да застанам во иста просторија и да делам воздух со таква личност и нема да добие тужба, нема да паднам на ниво да седам карши карши со личност што има морална вредност пониска од жуљот на моето стапало, каде што можеби е „колегата“, ако не отишол пониско.

П.с. Зад мене имам медиум, главен уредник, уредништво, колеги, кои застанаа зад мене, така што ова се моите последни зборови за ликот.

ПРВ И ПОСЛЕДЕН ПОСТ НА ТЕМАТА СО „КОЛЕГАТА“, објавува Петровски кој не кажува на кого точно се однесува постот.

 

Вчера ТВ Алфа реагираше за нападот што против Петровски го упати Фуркан Салиу.

 

Телевизијата потсети како новинарот беше фатен со оружје и му посака да не биде фрустриран

Алфа ТВ го потсети Салиу на неговиот пиштол и му посака мир и сампочит

Најнови вести од: Македонија

„До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“ – Ивановска Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно

Добро би било градоначалникот да ја научи историјата на градот, особено за периодот кога се иселувале селата Долно и Горно Водно и се пошумувало брдото за да не го поплавува градот

250 илјади евра за настани во еден ден – Како се организирала прославата за поканата за членство во НАТО во 2018 г.

Задолженијата и одлуките биле донесени четири дена пред настаните, дел од постапките биле почнати истиот ден кога се донесени заклучоците од Владата, а договорот за техничката опрема бил потпишан еден ден пред настаните

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен

Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација

Љубчо Георгиевски смета дека скандалозниот испад на Костадинов е добра иницијатива

Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик. Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија – смета Љубчо

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори

Сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС и ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци

Најнови вести

To top