Македонија

Алиу: Ќе ги анализираме информации за мозоците испратени од Македонија во САД

Министерот за здравство Азир Алиу за досието „Епштајн“, во кое Македонија беше спомената и како извор за мозоците на луѓето кои биле испратени на експерименти во САД

 

Алиу изјави за весникот „Коха“ дека како министер иницирал работна група која ќе ја испита оваа ситуација од административна перспектива. Алиу рече дека откако ќе заврши анализата на оваа ситуација, ќе ги информира граѓаните на прес-конференција.

Во Аферата Епштајн, Македонија се споменува како извор за транспорт на човечки мозоци за експерименти.

Д-р Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит, туку за научна соработка

„Имав состанок во министерството со различни сектори, создадовме работна група која ќе го следи административниот аспект за наведениот период доколку имало некаков меморандум за научно истражување или анализа. Во моментов тоа е во рамките на шпекулации, но ние ќе го испитаме.

Секоја информација што ќе ни дојде, формална или неформална, должни сме да ја анализираме, за да видиме дали е вистинита или не. И заради транспарентноста и довербата што сакаме да ја создадеме кај граѓаните, ги информираме“, рече Алиу.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top