Македонија

Анализа за кризата во Ормутскиот премин (2): Постои ризик и за Македонија

Македонија би почувствувала ценовен притисок 1 до 2 недели по ударот врз европските испораки

Анализа на JPMorgan Chase предупредува дека евентуалното затворање на Strait of Hormuz (Ормутскиот теснец) може брзо да ги наруши нафтените текови кон Европа.

Клучна точка – Грција

Грција е меѓу првите погодени, со околу 0.2 милиони барели дневно прилив што би се прекинал. Ударот врз Грција директно би влијаел на снабдувањето на Балканот, вклучително и Македонија, која делумно зависи од грчките пристаништа и рути.

⏱️ Временска рамка за можниот удар

• До 10 април: намалување на испораките во Европа

• 1–2 недели потоа: ефектите се прелеваат на Балканот

⛽ Што значи ова сценарио за Македонија

• можно поскапување на горивата веќе од средина на април ако кризата продолжи
• дополнителен раст поради поскапи алтернативни рути и транспорт

🧠 Заклучок

Доколку конфликтот трае, Македонија би почувствувала брз ценовен притисок, најчесто со задоцнување од околу 1–2 недели по ударот врз европските испораки.

Серијата кратки анализи продолжува наредниве денови

Предходна анализа

Македонија меѓу државите кои ќе бидат во сложена ситуација, дополнително ќе зависи од Бугарија

Анализа (1): Кој добива а кој губи од глобалниот шок на пазарот на гас

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top