Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски соопшти дека биле откриени криминални структури од Македонија, кои по директни насоки на ирански државјанин поврзан со разузнавачки мрежи на Иран, преземале подготвителни и логистички активности за извршување терористички акт.
Откривајќи детали од операцијата што траела околудевет до десет месеци, Христовскиоткри дека тие подготвувале атентат врз однапред определено лице во Грција.
Според Христовски, АНБ презела оперативно-технички и аналитички активности за разоткривање мрежа во Македонија поврзана со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех.
„Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, таргет лоциран во Грција“, изјави Христовски.
Тој посочи дека Маванех е поврзан со други лица од интерес за безбедносните служби, меѓу кои и иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зинташки.
Според информациите на АНБ, Маванех располага со широка мрежа на посредници и контакти, а постојат индиции дека многу веројатно соработува со иранските безбедносно-разузнавачки служби. објави Скопје1.мк