Македонија

Андоновски: Речиси 40.000 студенти подигнаа ваучери за купување комјутери

Ваучер во вредност од 15.300 денари во првата недела од повикот подигнале околу 40.000 студенти а планирани се 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите запишани на универзитетски студии во академската 2025/26 година

 

Ова денеска го соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во контекст на  тековниот проект што Министерството за дигитална трансформација го води во соработка со други институции.

Министерот нагласи дека ова е еден од најважните проекти што ресорното министерство, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование, наука и технологија, го имплементирало, а кој има за цел да го премости дигиталниот јаз во општеството, а со тоа да му овозможи на секој студент да има пристап до електронски уред.

„Ова е еден од најважните проекти поврзани со надминување на дигиталниот јаз, често се зборува за тоа колку општеството напредува во дигитализацијата, додека остатокот заостанува. Бидејќи некои луѓе немаат пристап до електронски уреди.

И оваа идеја на премиерот Мицкоски ја спроведе Владата, Владиниот секретаријат со порталот uslugi.gov.mk, кој го управуваме како министерство и е доста успешна. Целта е да се постигне 55.000 студенти од прв циклус да добијат ваучери за електронски уреди“, објасни министерот Андоновски.

Во врска со начинот на кој оди процесот, министерот нагласи дека оваа мерка е една од најпопуларните мерки преземени досега во областа на дигитализацијата.

„Според податоците, нешто помалку од 40.000 апликации веќе се успешни, 40.000 студенти го добиле својот купон и можат да го користат во продавниците. Тоа е навистина предизвикувачки процес, можам да кажам дека првиот ден имавме околу 15.000 апликации само на тој ден, што во споредба со 2023 година го надминува бројот на годишни апликации на порталот, така што порталот немаше толку голем број апликации во одреден момент, што покажува интерес кај граѓаните и студентите за аплицирање, доверба во институциите дека ќе добијат купон“, нагласи Андоновски.

Рокот за аплицирање за купони од страна на студентите, како што рече министерот, е до 20.12.2025 година, но со оваа динамика, Андоновски верува дека купоните ќе бидат собрани до првата недела од декември. Тој исто така истакна дека користењето на купоните ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top