Македонија

Ангелов: Чадот што се шири во делови од Скопје е од депонијата „Дрисла“, ветрот го смени правецот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека и вечерва и во текот на утрешниот ден продолжуваат активностите за затрупување на критичните делови од пожарот на депонијата.

Мирисот на чад и изгорена пластика што вечерва го чувствуваат жителите на скопските населби Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Драчево доаѓа од депонијата „Дрисла“, каде што од вчера попладне е активен пожарот, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

  • „Ветрот вечерва го смени правецот и дува од депонијата ‘Дрисла‘ во насока кон Скопје поради што во делови од градот се чувствува силен непријатен мирис“, рече тој.
Посочи дека и вечерва и во текот на утрешниот ден продолжуваат активностите за затрупување на критичните делови од пожарот на депонијата.

Инаку, пожарот на оваа депонија од денеска се гаси со затрупување откако претходните обиди за гаснење со вода не дале резултати. Најави дека утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија во Вардариште.

Претходно, Ангелов, зборувајќи за пожарот во депонијата Дрисла, рече дека е донесена одлука да се затрупа делот на Дрисла каде што има пожар.

  • „Со оглед дека гасењето со вода со противпожарни возила не дава резултат, дадена е наредба да се затрупа делот каде што има пожар, и кој претствува проблем за граѓаните на Скопје поради густиот чад“, рече Ангелов.

Исто така истакна дека има сомневања дека пожарот е подметнат.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top