Македонија

Ангелов: Нема опасност од ширење на пожарот кај селото Чучер

Да не се шири паника

Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Како што изјави попладнево Ангелов од Чучер, на огнот ќе му требаат неколку часа за да дојде до црквата што наводно била загрозена, според пишувањата по социјалните медиуми.

Во овој момент, нагласува Ангелов, селото е безбедно благодарение на локалните жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и на една екипа на „Национални шуми“.

-Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент од она што можам овде да го видам, нема реална опасност по околните куќи, иако има неколку куќи кои можат да се видат зад мене и се буквално во шума. Благодарение на храбрите локални жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и една екипа на „Национални шуми“, во овој момент нема опасност за селото и нема потреба од ширење паника. Паниката не ни помага, црквата што беше загрозена според пишувањата по социјалните медиуми, по моја слободна проценка огнот и да помине му треба неколку часа да дојде до таму, но на лице место има пожарникари и пред се, локално и пожртвувано население, истакнува Ангелов во видео изјавата што ја сподели ДЗС.

Според последните информации на ЦУК, пожарот е лоциран меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, се уште е активен, а горат мешана шума и ниска вегетација.

Очевидци за МИА велат дека мештаните од сите околни села се на терен и помагаат во гаснење на пожарот.

МВР претходно соопшти дека поради пожарот целосно е прекинат сообраќајот кон граничниот премин „Блаце“кој е воедно и затворен.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top