Македонија

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

По повод претставувањето министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски им упати честитки на новите офицери, нагласувајќи ја одговорноста, што ја преземаат со стапувањето во офицерскиот кор. „Со овој чин тие ја преземаат најголемата чест и одговорност, да ѝ служат на татковината, да бидат чувари на мирот, стабилноста, безбедноста и достоинствено да ја претставуваат македонската Армија, како дома, така и надвор заедно со нашите сојузници“, истакна Мисајловски.



Тој упати искрени честитки и до семејствата на новите офицери, како и до професорите и инструкторите од Воената академија, истакнувајќи дека нивната посветеност и професионализам биле клучни во подготовката на новата генерација офицери. „Упатувам искрени честитки до новите офицери, до нивните семејства, како и до професорите и инструкторите од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, кои со својата посветеност, знаење и професионализам придонесоа за нивната подготовка“, порача министерот.

Свеченото претставување на новите офицери претставува значаен чекор во зајакнувањето на кадровските капацитети на Армијата на Република Македонија и продолжување на традицијата на Воената академија за создавање професионален офицерски кадар.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top