Македонија

Денес почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста на Република Македонија

Во 19 часот ќе биде извршена почесната артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Во касарната „Илинден“ денес ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Во 18 часот ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување ден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од шест артилериски орудија.

„Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата на Република Македонија за одбележување на празници е во рамки на активностите, кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември.“ – информираа од Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top