Македонија

АСОМ: Законот за игри на среќа треба да се повлече и да се изработи ново решение

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) оценува дека јавната расправа во Собранието за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри покажала дека предложеното законско решение содржи сериозни недостатоци и дека е потребно негово целосно повлекување и изработка на нов закон.

Од АСОМ наведуваат дека дискусиите на јавната расправа, во која учествувале претставници на бизнис секторот, експерти, граѓански организации и здруженија на лица со попреченост, укажале на низа отворени прашања кои, како што велат, не можат да се надминат со поединечни измени. Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, истакна дека зад најавените мерки за заштита на младите се крие ризик од воспоставување државен монопол во онлајн приредувањето игри на среќа, што, според него, би го нарушило пазарниот баланс и би имало негативни економски последици. Тој предупреди дека ваквиот модел би можел да доведе до затворање на легални компании и раст на нелегалниот пазар, со што би се загрозиле и илјадници работни места.

Експертот Зоран Пухач, кој исто така учествуваше во расправата, оцени дека предложениот модел на оданочување е економски неодржлив и може да предизвика гаснење на легалниот пазар, нагласувајќи дека оданочувањето на непостоечка добивка не е во согласност со европската пракса.

Претставникот на вработените, Стефан Крстевски од здружението „Сакам да работам“, предупреди дека евентуалното усвојување на законот би можело да доведе до губење на работните места на околу 10.000 лица и да поттикне нов бран иселување.

Од Националниот совет на инвалидски организации беше истакнато дека дел од средствата од индустријата се користат за поддршка на лица со попреченост преку дневни центри, ортопедски помагала и други програми од социјален карактер.

И од Стопанската комора на Македонија беше побарано законот да се повлече, со образложение дека е потребна дополнителна анализа и поширока консултација со сите засегнати страни, имајќи ја предвид важноста на секторот за економијата и јавните приходи.

Претставниците на индустријата дополнително укажаа дека компаниите во овој сектор со години инвестираат во локалните заедници, како и во спортот, културата и други општествени области, порачувајќи дека предложените измени би имале сериозни последици врз нивното работење.

На крајот од јавната расправа, АСОМ повтори дека предложениот закон отвора повеќе прашања отколку што нуди решенија и побара негово повлекување и изработка на ново, инклузивно и сеопфатно законско решение, кое ќе биде правно одржливо, економски оправдано и општествено одговорно.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top