Бизнис

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Азески, како член на Советодавниот одбор, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок  посветена на  долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Делегација на Стопнаската комора на Македонија, присуствуваше на свеченото одбележување на 80 годишнината од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (School of Economics and Business, University of Ljubljana), еден од најпрестижните економски факултети во Словенија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Основан е по Втората светска војна и постепено се развил во модерна меѓународно ориентирана бизнис-школа. Факултетот редовно е вклучен меѓу 95-те најдобри високообразовни институции во Европа според рангирањето на Financial Times. Има три најпрестижни меѓународни акредитации за бизнис-школи: AACSB International, EQUIS и Association of MBAs (AMBA). Само мал процент од бизнис-школи во светот ги поседуваат сите три, што го позиционира факултетот во глобалната елита на бизнис образованието. На настанот се обрати и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, како член на Советодавниот одбор на Факултетот, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок  посветена на  долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Членови на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана се и Ана Паула Африкано С. Силва, при Универзитетот во Порто; проф. Ана Бломбек, меѓународен факултет за бизнис во Јеншепинг, проф. Хана Холмс, градски универзитет во Манчестер, Паола Папаниколау, банкарска групација „Intesa Sanpaolo“, проф. Маркус Рудолф, факултет за менаџмент, „Ото Бајсхајм“, Диселдорф, проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Јанез Шкрабец, генерален менаџер на „Riko d.o.o.“, Словенија, Бранко Зибрет, „Kearney“, Австрија и Валтер Лебан, претседател на УО и CEO на “Колектор” АД, Словенија.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top