Македонија

Автомобил ќе може да се регистрира низ цела држава

Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, вчера го помина собранискиот филтер во матичната комисија. Претседателот на Комисијата, кој е и предлагач, Бојан Стојановски, објасни дека промените се направени со цел поедноставување на процесот на регистрација на возила. Измените им овозможуваат на станиците за технички […]

Предлог-измените на Законот за возила, со кои се очекува да се олесни процесот на регистрација на возила, вчера го помина собранискиот филтер во матичната комисија.

Претседателот на Комисијата, кој е и предлагач, Бојан Стојановски, објасни дека промените се направени со цел поедноставување на процесот на регистрација на возила. Измените им овозможуваат на станиците за технички преглед да издаваат потврда за регистрираното возило, врз основа на претходно проверени критериуми, што ќе се завери со печат на сообраќајната дозвола. Исто така, се предлага регистрацијата да се врши низ целата земја, а не, како досега, во близина на местото на живеење.

Во разговорите со нашите сограѓани и со организациите вклучени во овој закон, дојдовме до заклучок дека процесот на регистрација на возила може да се поедностави, особено затоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат на станиците за технички преглед, што значи дека дури и ако постапката за преглед на возила е целосно завршена, сепак ќе треба да почекате неколку дена за да добиете печат за сообраќајна дозвола, и поради оваа причина решивме да направиме некои иновации“, објасни Стојановски.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Најнови вести

To top