Македонија

Азир Алиу останува министер за здравство – премиерот открива кои се предлозите за нови министри

Од Собранието во меѓувреме најавија дека предлогот за разрешување на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ќе биде ставен на наредната пленарна седница, додека, пак, за избор на нови министри нема пропишан рок во Деловникот и за тоа дополнително ќе се одлучи.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска до Собранието ги испрати предлозите за нови министри од коалицискиот партнер ВЛЕН. Како што открива тој во интервјуто за „360 степени“ што ќе се емитува вечерва, за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложен Мухамед Хоџа, а за нов министер за европски прашања и потпретседател на Владата е предложен Беким Сали. Во ресорот здравство ќе нема промени, односно таму министер останува Азир Алиу.

  • Мицкоски: Да, мојот предлог денеска е доставен до Собранието, а тоа се Мухамед Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и господинот Беким Сали којшто ќе биде министер за европски прашања и потпретседател на Владата.
  • „360 степени“: Добро, значи други промени нема.
  • Мицкоски: Нема.
  • „360 степени“: Оти се најавуваше промена во ресорот здравство. Се спомнуваше името на Башким Бакиу, таму нема да има промена.
  • Мицкоски: Не, нема.
  • „360 степени“: Добро. Претпоставувам дека и Вие ќе се согласевте оти пречестото менување на позицијата шеф на тој ресор не е добро за тој ресор, бидејќи станува збор за витален ресор во здравството и ова ќе беше трет практично министер во 17 месеци колку што сте на власт.
  • Мицкоски: Па, година и половина скоро, се согласувам со вашата констатација.
  • „360 степени“: Дали беше тоа една од причините или?
  • Мицкоски: Една од причините беше и тоа, да.
  • „360 степени“: Задоволен сте од тоа како Азир Алиу ја раководи таа институција?
  • Мицкоски: Секогаш има простор за напредок. Секој треба да добие шанса и јас ценам дека до овој момент Азир Алиу прилично пристојно си ја врши својата работа.

На прашањето дали ќе има промени кај министрите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, премиерот вели оти засега ќе нема.

  • „360 степени“: Ќе има ли промени кај министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ?
  • Мицкоски: Засега ако ме прашувате, веќе ви дадов одговор дека…
  • „360 степени“: Не, сега да, очигледно дека нема.
  • Мицкоски: Да, а после конгресот, после сите оние преструктуирања во рамките на партијата, напролет некаде очекувам да имаме и освежување во рамките на владата, прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања, стеснувања и во рамките на државните институции. Така што отприлика ова е тој гантограм на активности коишто во следниот период како претседател на Владата и доколку ја добијам довербата на делегатите на конгресот, претседател на ВМРО-ДПМНЕ не очекувам, формирање на овој тим којшто потоа треба да го понесе и изнесе товарот до следните парламентарни избори.

Од Собранието во меѓувреме најавија дека предлогот за разрешување на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ќе биде ставен на наредната пленарна седница, додека, пак, за избор на нови министри нема пропишан рок во Деловникот и за тоа дополнително ќе се одлучи.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top