Македонија

Бараат знаците за „Сејф сити“ во Скопје да бидат и на албански

За разлика од Скопје во Тетово предупредувачките знаци се и на албански јазик

Предупредувачките знаци за камерите „Безбеден град“ во Скопјe се само на македонски јазик. Освен што воопшто не е вклучен албанскиот јазик, недостасува и англиски јазик за оние кои не зборуваат ниту македонски ниту албански.

„Контролата на брзината е единственото предупредување на македонски јазик за камерите „Безбеден град“, кои се на неколку метри од знакот каде што е поставен. Според граѓаните, овој знак треба да биде оддалечен најмалку 100 или 150 метри од безбедносните камери“, известува Авни Тахири, новинар, објавува „Телеграфи“

„Тие знаат дека тука има Албанци и треба да бидат и на албански јазик“.

За недостатокот на двојазичност кај предупредувачките знаци, Министерството за внатрешни работи се повикува на Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и патна сигнализација, а во согласност со член 24, точка 115, кој регулира како треба да изгледаат знаците каде што сообраќајот е под надзор на камера.

Но, предметниот член не го прецизира прашањето за јазикот, ниту како граѓаните треба да го разберат знакот.

За разлика од Скопје во Тетово предупредувачките знаци се и на албански јазик.

Според практиките на земјите од ЕУ, пред камерите за брзина се поставуваат повеќе од два предупредувачки знаци на меѓународни јазици. Во урбаните средини, тие се поставуваат 150–250 метри пред камерата, додека на автопатите се поставуваат 250–500 метри пред неа, пишува Телеграфи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

Најнови вести

To top