Македонија

Бејта: Тендер за бекатон плочки – 10 пати повисока цена од реалната

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата ВРЕДИ, Невзат Бејта, на прес-конференција одржана денеска го обвини претходното општинско раководство за злоупотреба на 450 илјади евра во јавни набавки.

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата ВРЕДИ, Невзат Бејта, на прес-конференција одржана денеска го обвини претходното општинско раководство за злоупотреба на 450 илјади евра во јавни набавки.

Според Бејта, тендерот за поплочување со бекатон плочки, вреден 500 илјади евра, реално чинел не повеќе од 50 илјади евра. Дополнително, компанијата што ги изведувала работите не е од Гостивар.

„Ваквото наддавање на цените била вообичаена практика во изминатите осум години. Поплочување со бекатон плочки во мое време чинеше 13 евра за метар квадратен, сега со зголемувањето на пазарните цени чини 15 евра. Овие граделе по цена за квадратен метар од 450-500 евра. Според моите информации, работа која е вредна приближно 50 илјади евра, ја наплатиле 450 илјади евра“ – рече Бејта.

Тој ги критикуваше сопартијците на актуелниот градоначалник Арбен Таравари дека во осумгодишното раководење го осиромашиле буџетот на Гостивар, уништиле инфраструктура, чистота, култура, спорт и образование.

„Во овие осум години тој го уништи и го осиромаши буџетот на Гостивар. Ја уништи инфраструктурата и имаме улици и патишта полни со дупки. Чистотата во градот на најниско можно ниво. Ги уништија културата, спортот и образованието“ – истакна Бејта на претходната конвенција.

Како приоритетни проекти во евентуален нов мандат, Бејта најави изградба на мост со четири ленти и проширување на булеварот „Браќа Ѓиноски“ од крстосницата со „Дебарска улица“ до Основниот суд.

Обвинувањата на Бејта доаѓаат во контекст на внатрепартиски тензии во албанскиот политички блок во Гостивар, по разделбата меѓу ВРЕДИ и Алијансата за Албанците.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top