Македонија

Белата куќа прави список на добри и лоши сојузници во НАТО, Македонија на првиот?

Кој како се однесува(л) по прашањето за нападот врз Иран е критериумот за селекцијата, а Македонија веднаш изрази поддршка

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, размислува за воведување сопствена листа на „добри и лоши“ членки на НАТО, со цел да ги награди сојузниците кои ги поддржаа САД во војната со Иран и да ги санкционира оние кои не го сторија тоа, дознава денес американски „Политико“ од неименуван извор.

Планот, кој е развиен во пресрет на посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Ратерфорд, на Вашингтон, вклучува проценка на придонесот на земјите-членки на Алијансата и нивна класификација во категории, според дипломати и службеници запознаени со иницијативата.

Според изворот, Белата куќа разгледува опции како што се преместување на американските трупи, намалување на воените вежби или ограничување на воената соработка со „непослушните“ партнери, иако специфичните мерки сè уште не се дефинирани.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, изјави дека сојузниците не обезбедиле соодветна поддршка за време на војната во Иран, нагласувајќи дека САД „ќе го запомнат тоа“.

Не беше прецизирано кои земји ќе спаѓаат во која категорија, но беше кажано дека Полска и Романија би можеле да имаат корист, со оглед на нивните блиски односи со Вашингтон и подготвеноста да примат дополнителни американски војници.

Од друга страна, некои земји, вклучувајќи ја Шпанија, како и сојузници како што се Обединетото Кралство и Франција, одбија или одложија поддршка на американските барања за време на конфликтот со Иран.

Службениците на Пентагон нагласуваат дека соработката ќе биде приоритет со „модел сојузници“, додека некои американски пратеници предупредуваат дека казнувањето на сојузниците би можело дополнително да ја ослабне Алијансата.

Овој потег, како што пишува „Политико“, се смета за нов притисок врз сојузниците, по претходните предупредувања од Трамп, вклучувајќи ги заканите за повлекување на САД од НАТО и предлози како што е анексијата на Гренланд.

Во кој список ќе се најде Македонија? Со оглед на експресно изразената поддршка за нападите врз Иран, може да се очекува една од најмладите членки на Алијансата да биде на списокот на „добри“ сојузници на САД.

„Стоиме со нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток. Соединетите Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата секогаш е прва опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици.

Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака“, објави на Икс министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски уште првиот ден од здружениот американско-израелски напад врз Иран.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top